ДЕН ЗА ПОПУСТИ ВО „НЕПТУН“ Среќа во најтажниот ден од годината!
„Нептун“ денеска организира голема акција haPPiest day - Само еден најсреќен ден! со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со попусти и одлични понуди во сите продуктни категории.
Денеска е син понеделник („Blue Monday“). Третиот понеделник во јануари го носи тоа име и важи за најдепресивниот ден во годината. Се смета дека е предизвикан од постпразничната криза, вината за непочитување на зацртаните новогодишните одлуки, студеното време и други фактори, а оваа година паѓа на 17 јануари.
„Нептун“ ве радува на најтажниот ден во годината! „Нептун Македонија“, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство, се потруди на граѓаните на нашата земја овој „Blue Monday“ да им биде поинаков! „Нептун“ денеска организира голема акција haPPiest day – Само еден најсреќен ден! со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со попусти и одлични понуди во сите продуктни категории. Понудата вклучува врвни модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.
Акцијата важи за купување во продажните салони на „Нептун“ ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг.
– Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени. Ајде во продавниците на „Нептун“ ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk. Разгледајте ги понудите, изберете го најдоброто за најдобра цена! Побрзајте! – повикуваат од компанијата.