ДОЗНАЈТЕ ДАЛИ СТЕ ВЕШТЕРКА? Ако на прашањето дали сте женско одговорот е да, тогаш шансите се многу големи

Историчарите пронашле 15 најчести прашања, кои им биле поставувани на осомничените за вештерство.

690

Откријте дали би ве обвиниле за вештерство и „пакт со ѓаволот“ според законите и „доказите“ користени во текот на судењата на вештерките во градот Салем во САД, во текот на 1692 година.

Историчарите пронашле 15 најчести прашања, кои им биле поставувани на осомничените за вештерство.






Дали сте женско?

Ако одговорите дека сте од женски род, жалам но вашите шанси да бидете и вештерка драстично се зголемуваат. Во 17 век предоминантно било мислењето дека жените се 1000 пати поподложни на нечесни и вештерски постапки од мажите.

Сиромашна сте?

Сиромашните луѓе преовладувале меѓу обвинетите за вештерство.

Дали сте богата?

Финансиски независните жени по вокација биле сомнителни. Секој знак дека жена може да биде независна од помошта на маж, било сметано за доказ дека е вештерка.

Имате една или повеќе блиски пријателки?

„Сексот и градот“ бил невозможен во пракса во Средниот век. Собиранките на жени и девојки без машка придружба, биле сметани за вештерски собири.

Дали сте скарани со пријателката?

Доколку не сте во добри односи со другите жени од заедницата, тогаш можеби сте и вештерка? Едноставно правило, но многу употребувано во судењата.

Дали со некого имате кавга?

Лошите односи не биле ограничени на жените, туку вештерка е онаа што има недоразбирања и со мажите.

Дали сте возрасна?

Возрасните жени биле особено сомнителни. Во една прилика една жена е жива запалена, а единствениот доказ против неа бил дека има наполнето 70 години.

Дали сте млада?

Нормално дека и младите жени биле сомнителни. Тие ги мамеле луѓето со својата убавина.

Дали се разбирате од билки?

Народните лекарства и лековитите билки денеска се преокупација на голем број на луѓе. Но во минатото тоа било ексклузивна професија на вештерките.

Дали имате деца?

Неплодноста била речиси сигурен доказ за вештерство. Жената без деца е опседната од демони и точка.

Тврдоглави сте?

Било каква манифестација на тврдоглавост и дрскост бил сигурен знак дена нешто лошо се случува со душата и телото на одредена жена.

Имате бемка?

Бемки или било какви вродени знакови на телото одат во прилог на обвинението.

Расипано млеко?

Во неколку сведочења против вештерки, било наведено дека во нивно присуство се расипуваат млечните производи.

Сте имале ли вонбрачен секс?

Една од жртвите во Салем имала вонбрачен син. Подоцна двапати се мажела, но на крајот дошол редот и на неа, бидејќи вонбрачниот секс е грев кој може само вештерка да го направи.

Сте се обиделе да откриете за кого ќе се омажите?

Многу девојки сонуваат за сродната душа. Некои од нив ги пишуваат иницијалите на симпатијата во својот дневник. Е токму тоа би можело да биде протолкувано како вештерство. Обидот да го предвидите идентитетот на идниот сопруг е вешетерска работа и се казнува со спалување. Сопругот го бираат родителите и роднините, сè друго е неприродно.

Поврзани содржини