🎥 ПУТИН ЌЕ ОДГОВАРА НА ПРАШАЊА НА СТРАНСКИ НОВИНАРИ Сесијата со медумите може да трае со часови

Форумот во Санкт Петерсбург вчера започна во отежнати услови, откако напад со украински дрон предизвика тревога што траеше неколку часа. За време на пристигнувањето на учесниците над делови од градот имаше црн чад, од пожарот што го зафати нафтениот терминал.

0

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одговара на прашања од странски новинари, на вториот ден од Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург.

– Претседателот Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни медиумски организации за да разговара за внатрешната и надворешната политика на Русија – соопшти неговиот советник за надворешна политика, Јури Ушаков. Претходните години таквите сесии со новинари вообичаено траеја и по неколку часа.






На традиционалната средба на рускиот претседател со раководители и претставници на водечки светски новински агенции во Санкт Петербург се очекува учество на новинари и уредници од повеќе континенти, а настанот и годинава привлекува значително меѓународно медиумско внимание. Средбата се одржува во формат на директни прашања и одговори, што им овозможува на новинарите лично да му поставуваат прашања на рускиот лидер.

Според достапните информации, на разговорот присуствуваат претставници на најголемите светски агенции, меѓу кои американските Associated Press и Bloomberg, француската Agence France-Presse, како и медиумски организации од Европа, Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка. Организаторите ја претставуваат средбата како можност за директна комуникација меѓу Кремљ и меѓународните медиуми.

Се очекува во фокусот на прашањата да бидат војната во Украина, односите меѓу Русија и Западот, како и актуелните геополитички и економски предизвици.

Москва го користи Меѓународниот економски форум за да ја претстави Русија на меѓународната сцена и да покаже отпорност по повеќе од четири години војна во Украина и санкции, и покрај забавениот економски раст.

Форумот вчера започна во отежнати услови, откако напад со украински дрон предизвика тревога што траеше неколку часа. За време на пристигнувањето на учесниците над делови од градот имаше црн чад, од пожарот што го зафати нафтениот терминал.

Според информации од Кремљ, на Форумот се регистрирани околу 20 илјади учесници од повеќе од сто земји. Меѓу учесниците има делегации од Американската стопанска комора и од германски компании.

Германско-руската стопанска комора за првпат по неколку години организира сопствен настан на форумот.

На форумот присуствуваат и неколку пратеници од крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“. Тие заминаа за Русија и покрај препораките на германското Министерство за надворешни работи да се воздржат од такво патување.

Поврзани содржини