ИКТ СЕКТОРОТ ВО МАКЕДОНИЈА ДОСТИГНА 1,77 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПРИХОДИ Повеќе од 670 милиони евра се од извоз

Анализата покажува дека ИКТ секторот учествува со околу 4,5% во БДП на државата и расте речиси двојно побрзо од вкупната економија. Додека вкупниот економски раст изнесува 3,8%, секторот бележи раст од 7,4%.

1

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки Digital Bridge & Business ICT Forum”, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE.

Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 година бележи раст од 7% на приходите и 7,1% на извозот во однос на претходната година. Во индустријата работат 24.134 вработени во вкупно 3.367 активни компании.






Особено значаен е долгорочниот тренд на раст. Во периодот од 2020 до 2025 година, приходите на ИКТ секторот се зголемиле за 80%, од 985 милиони евра на 1,77 милијарди евра, додека извозот пораснал за дури 193%, од 231 милион евра на 676 милиони евра. Во истиот период бројот на вработени е зголемен за 44%, а бројот на компании за 42%.

„-Овие бројки потврдуваат дека ИКТ секторот одамна не е само една од перспективните индустрии во земјата, туку еден од клучните носители на економскиот развој, извозот и висококвалификуваните работни места. Растот што го гледаме во изминатите години е резултат на континуирани инвестиции во луѓе, знаење и иновации, но и доказ дека македонските компании успешно се натпреваруваат на меѓународните пазари- изјави претседателот на МАСИТ, Јордан Димитриевски.

Анализата покажува дека ИКТ секторот учествува со околу 4,5% во БДП на државата и расте речиси двојно побрзо од вкупната економија. Додека вкупниот економски раст изнесува 3,8%, секторот бележи раст од 7,4%.

Поврзани содржини