ОД УТРЕВЕЧЕР ДО СРЕДА Во автобус не ќе може да се плаќа билет со мобилен

476

Од утревечер од 22 часот во автобусите за јавен превоз во Скопје нема да функционира опцијата за плаќање билет со мобилен телефон, валидација преку бројот 185.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, прекинот на оваа услуга ќе биде привремен и заради надградба на системот за електронска наплата.






Од среда, 12 јануари, опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде повторно достапна, информираше ЈСП.

Поврзани содржини