ВМРО-ДПМНЕ БАРА ВЛАДАТА ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ПАРНОТО Ако не е способна тоа да го стори, да распише избори

Од опозициската партија велат дека владата го пропуштила рокот кога можела да преговра за пониска цена на гасот, но треба да обезбеди доволни количини за да не смрзнуваат скопјани во екот на грејната сезона.

247

Владата да не ја префрла топката и да го реши проблемот со парното. Ако е неспособна, што всушност и е нека распише веднаш предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ знае како да работи за државата, побара денеска преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека власта не презема ништо во насока на обезбедување на неопходните резерви на гас, но и за преговарање на цена и снабдување кога тоа го правеа земјите од регионот.






-Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ. Ковачевски беше заменик министер за финансии во таа влада, а со тоа и директно одговорен. Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, единствен субјект кој што може да влијае првите да добијат поефтин гас, ако е способен да испреговара со странски земји или добавувачи е владата, а во РКЕ се партиските послушници и членови на Комисии на СДСМ како Бислимоски.СДСМ се неспособни и ја оставија земјата на удар на енергетската криза во среде зима – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини