АЦВ НЕ НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО ЛЕТ ЗА КИРГИСТАН Авионот беше за бизнис лет, а не за бегство на Назарбаев

1,662

Не е точно дека поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Бишкек, Киргистан слетал од Македонија, изјавиле за СДК.мк од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Руската агенција РИА Новости вчера објави дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на киргистанскиот аеродром Манас во Бишкек, едниот од Македонија, а другиот од Обединети Арапски Емирати. По кусо време, двата авиона заминале од Киргистан.






АЦВ тврди дека на 7 јануари имало лет од Скопје за аеродромот Манас во Бишкек со 3 патници, авионот дошол од Истанбул и заминал за Бишкек и нема никаква врска со Казахстан, експретседателот Назарбаев и евентуалното негово пребегнување.

Според АЦВ, станува збор за најавен и одобрен бизнис лет со авион од типот „бомбардиер глобал експрес“ од турски оператор што ги исполнува сите услови и барања, односно што ја доставил целокупната потребна документација за да добие одобрение од македонските воздухопловни власти.

Рутата по која се движел авионот ја нема на официјалните воздухопловни веб страници што го следат авиосообраќајот на радар.

Од МВР за СДК.мк изјавиле дека станува збор за киргистанска делегација со ВИП личности што била во посета на македонска мултинационална компанија, којашто дошла со редовна линија на „Туркиш ерлајнс“. Меѓутоа, еден од членовите на делегацијата морал итно да се врати дома и затоа од Киргистан му обезбедиле лет со приватен авион што го изнајмиле во Турција. Другите членови на делегацијата останале.

Поврзани содржини