РУСКИТЕ ПАДОБРАНЦИ МАРШИРААТ ПО КАЗАХСТАН Руската војска му испрати засилување на сојузникот(ВИДЕО)

Русија ги испрати припадниците на специјални единици, како дел од безбедносниот договор со Казахстан, а истото го стори и Белорусија.

3,268

Припадниците на елитната падобранска единица на руската војска допатуваа во Казахстан, каде ќе бидат распоредени на критични точки, со цел да им помогнат на домашните безбедносни сили, во справувањето со вооружените демонстранти.

Во изминативе неколку денови, демонстрациите во Казахстан, кои започнаа како бунтување против поскапувањето на горивото, се претворија во вистинска граѓанска војна, во кој досега животот го загубија повеќе од 50 лица на двете страни.






Русија ги испрати припадниците на специјални единици, како дел од безбедносниот договор со Казахстан, а истото го стори и Белорусија.

Од седиштето на НАТО во Брисел порачаа дека со голема внимателност го следат распоредувањето на руските војници во Казахстан.

Поврзани содржини