ЗАПЛЕНЕТА Е ДРОГА, УАПСЕНИ СЕ ПОЛИЦАЈЦИ И ЦАРИНИЦИ Детали за денешната полициска акција во Скопје и во Куманово

Осомничените царински службеници спротивно на нивните службени надлежности и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД определил црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите.

1,049

Во ноември годинава, четворица осомничени меѓу кои и двајца полицајци, учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори, па во два наврати требало да пренесат стока од царинската испостава на Скопскиот аеродром до зелениот појас во близина на државната граница со Косово, информираше Јавното обвинителство за денешната голема полициска акција во Куманово и во Скопје.

„Денеска беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје. Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против деветте лица од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело Криумчарење од член 278, а на тројца на товар им се става и кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од Кривичниот законик. Во текот на месец ноември 2021 година четворица осомничени меѓу кои два полициски службеници, како повеќе лица земале учество во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори кои во два наврати организирано требало да пренесат стока од царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница со Косово“, соопшти Јавното обвинителство.






Осомничените царински службеници спротивно на нивните службени надлежности и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД определил црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите, наведено е во соопштението.

„Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните. Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје во текот на денешниот ден. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека се исполнети условите, ќе му предложи на судот на сите осомничени да им биде изречена мерка притвор. Обвинителството, МВР и Царинската управа продолжуваат со интензивна работа во насока на расчистување на случајот“, соопшти ЈО.

Детали за акцијата пристигнаа и од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што посочуваат дека приведени се 10 лица на возраст од 35 до 54 години.

„Денеска е спроведена голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници. Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело криумчарење од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај А.А. бил пронајден и одземен кокаин. Имено, во текот на месец ноември 2021 година четворица од нив, меѓу кои два полициски службеника, во два наврата учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори, од царинската испостава на Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу нашата држава и Косово. Притоа, осомничените царински службеници постапиле спротивно на нивните службени надлежности и не извршиле соодветна контрола на стоката согласно декларираната“, соопшти МВР.

Поврзани содржини
na