САША КОВАЧЕВИЌ ПРИВЕДЕН ВО ГЕРМАНИЈА Во затвор се подобри условите

Ковачевиќ тврди дека и денес некои работи не му се јасни, па не знаел што му се случило кога бил приведен.

1,866

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ неодамна бил вратен од германската граница и не пристигнал на договорениот настап. Сепак, не е сѐ така наивно, тој поминал повеќе од 5 часа со својот бенд чекајќи на граница, по што се вратил во Србија.

Ковачевиќ тврди дека и денес некои работи не му се јасни, па не знаел што му се случило кога бил приведен.






Ковачевиќ зборувал за деталите кои јавноста не ги знае.

„Јас и ден-денес се прашувам која е причината. За среќа, не бевме уапсени, но подобро ќе беше да нѐ уапсеа бидејќи ќе имавме подобри услови во затворот. Тие се трудат да бидат професионални, тоа е нивно право, но тоа е спротивно на некои норми… Ако не си вакциниран со одредена вакцина, немаш одредени права во некои земји. Бев затворен во соба 5 часа, со мојот бенд. Одбив да влезам во нивната земја, се вратив со првиот авион. Не ни дадоа објаснување и на тоа остана. Се трудам да не размислувам за тоа – открил Саша Ковачевиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.

Пејачот веќе извесно време работи на новиот спот, а во него вложува огромна сума.

„Веќе пет дена не спиеме. Решивме да направиме мини филм, потребно е време да се организира, продуцира и за сé. Не само татко ми што го заболе главата од цифрата на спотот, туку нé заболе сите, но ние сме познати по тоа што инвестираме во квалитетни видеа… – рекол Ковачевиќ.

Поврзани содржини