ШТО ВИСТИНСКИ ПРЕТСТАВУВА МЕТАВЕРЗУМОТ? Ново видео открива како тоа ќе фунцкионира
За почеток ќе можеме да ја разгледуваме нашата околина и да држиме состаноци со колегите, а потоа, можеби и ќе можеме реално да ги допираме и чувствуваме нештата.
Често размислуваме за интернетот како за нешто во кое гледаме, како во екран, но како би било бар за момент да влеземе внатре во тој свет? Марк Числак за Би-Би-Си објаснува што се аватари и како целото тоа чудо би функционирало, доколку Мета, или по старо, Фејсбук успее да го развие. Погледнете го видеото: