НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ КАКО ДА ГИ ИЗНЕНАДИЈА ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ Скопје забрзано се украсува (ФОТО)
Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје, наведено е во соопштението на Град Скопје.
Централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања, соопшти денеска Град Скопје.
„Денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот ’Македонија‘. Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје“, наведено е во соопштението.