ДЕСЕТТЕ НАЈИНТЕРЕСНО НАКИТЕНИ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА Њујорк има најголема елка, а во Мелбурн летаат ирваси (ФОТО)

Многу од градовите китат веќе на крајот на ноември, а раскитуваат првата недела по Нова година, бидејќи кај нив Божиќ доаѓа порано. Од паради на бродови до анимирани светла, еве како се забавуваат луѓето во овие места.

771

Њујорк Сити има најголема елка, Париз ги има своите Елисејки полиња, но Виена свети како замок, а се китат и Нијагарините водопади во Онтарио. Божиќната треска и добрата енергија која се шири низ светот ги претвора градовите во мали светлечки кутивчиња, а десет од нив заслужуваат да бидат издвоени по својата оригиналност, според магазинот Фромерс.

Многу од градовите китат веќе на крајот на ноември, а раскитуваат првата недела по Нова година, бидејќи кај нив Божиќ доаѓа порано. Од паради на бродови до анимирани светла, еве како се забавуваат луѓето во овие места.






Њујорк Сити има најголема елка

Со уличните продавачи кои продаваат печени костени и мноштвото лизгалишта во Мидтаун, Менхетен е симбол на новогодишните прослави во Америка. Сè започнува со палењето на новогодишната елка во Центарот Рокфелер некаде во последните недели од ноември. Божиќното дрво во Центарот Рокфелер може да се пофали со 30.000 разнобојни лед-светилки нанижани на жица од седум ипол километри.

Кога се кити: од Денот на благодарноста до неделата по Нова година.

фото: pinterest.com

Париз ги има своите Елисејски полиња

Париз е Градот на светлината навистина, особено за време на празниците. Од Триумфалната капија до Плас де ла Конкорд, Елисејските полиња оживуваат секоја вечер со стотици илјади самовилски светла кои блескаат од дрвјата на авенијата. Овој познат дел во Париз, исто така, е домаќин на сопственото Марше де Ноел, божиќен пазар на кој има занаетчии, храна и продавачи на тема празници.

Кога се кити: Светлата долж Шанзелизе светат од крајот на ноември до почетокот на јануари.

Виена свети како замок

Извонредната архитектура на Виена му дава шарм на стариот „барокен“ свет во годишните декемвриски празници. Позната е по ситните треперливи божиќни светла. Истовремено, познатите трговски улици Грабен и Кернтнер Штрасе се домаќини на некои од најблескавите светлосни прикази во градот. Градското собранието на главниот плоштад свети како замок од бајките.

Кога се кити: Од крајот на ноември до Божиќ.

фото: pinterest.com

Мадрид се кити уште од 1860 година

Иако поелегантни и поприкладни отколку во другите делови на светот, празничните светла во Мадрид се исто толку спектакуларни, особено долж главните градски булевари Гран Виа и Пасео дел Прадо. Најголемиот пазар за одмор во градот се одржува на Плаза Мајор, најпознатиот плоштад во Мадрид. Пазарот, кој датира од 1860 година и има повеќе од 100 тезги е место за традиционални празнични предмети, вклучително и новогодишни елки и фигури на Христовото раѓање.

Кога се кити: во текот на декември, со светла кои се протегаат до првата недела од јануари.

фото: pinterest.com

Меделин во Колумбија има -фигури и анимации

Градот Меделин во Колумбија е познат по Божиќните „Фиеста“ светла, прослава која го осветлува ноќното небо со извонредни сцени и огромни -фигури секоја година. Тоа е можеби еден од најневеројатните прикази на анимирани светла и бои во светот.

Кога се кити: почетокот на декември до средината на јануари

фото: pinterest.com

Сингапур се кити и покрај тоа што е лето

Од 1984 година, Сингапур го слави Божиќ иако таму на зима – е лето. Се украсува главниот трговски кварт со божиќни светла. Срцето на свеченостите е Орчард Роуд, каде низи од блескави светла висат над сообраќајот, високите новогодишни елки додаваат пејзаж, а автобусите со отворен покрив што патуваат долж Орчард нудат некои од најдобрите погледи на празничните прикази.

Кога се кити: Божиќното осветлување се одржува од средината на ноември до почетокот на јануари.

фото: pinterest.com

Нијагарините водопади во Онтарио се посебна глетка

Над три милиони обоени светла и повеќе од 125 анимирани светлосни прикази ја осветлуваат маршрутата 5K долж Нијагара Парквеј во канадската провинција Онтарио, трансформирајќи го овој дел од Нијагарините паркови во сопствена зимска земја на чудата. Водопадите за првпат биле накитени во 1860 година со 200 светла.

Кога се кити: Од почетокот на ноември до крајот на јануари

фото: pinterest.com

Во Калифорнија има паради на бродови … и со делфини

Почнувајќи од 1908 година, најдолгата празнична парада со бродови во САД е и најдобра во земјата. Повеќе од 100 морски бродови обвиткани во шарени светла и спортски анимирани фигури како новогодишни елки и снежни луѓе пловат на пристаништето Њупорт речиси три часа. секоја вечер.

Сопствениците на домови на и околу островот Балбоа и самите ги украсуваат своите имоти со блескави светла и додатоци како што се аниматронски Дедо Мраз и лажни диспензери за снег.

фото: pinterest.com

Грамадо во Бразил има поворка со ангели

Секоја сезона од 1986 година, малиот планински град Грамадо во Бразил се трансформира во земјата на чудата со двомесечна прослава на Раѓање на Светлината (Натал Луз). Големата Божиќна парада со поворка од ангели за лизгање, снежни кралици и Дедо Мраз и операта на отворено на езерото Хоакина Рита Биер со огномет се најпознатите атракции.

Кога се кити: Од почетокот на ноември до средината на јануари

фото: pinterest.com

Мелбурн ги сака летечките ирваси и кенгурите

И покрај тоа што таму е лето, во Мелбурн ќе видите многу спакувани Дедо Мразовци и снешковци. Во предградието Ајванхо има најмногу дисплеј-светилки и тие привлекуваат до 20.000 посетители секоја вечер во деветдневната прослава на Божиќните светла. Ќе видите и празнични патеки за бонбони, летечки ирваси и блескави кенгури.

Кога се кити: Од почетокот на ноември до Нова година

фото: pinterest.com
Поврзани содржини