КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ СЕ НАЈДОБРИ ПРОТИВ ОМИКРОН? Српски неуроимунолог тврди дека вакцинираните нема да завршат на респиратор
Ние преку вакцините постојано ќе развиваме нови механизми во своето тело за да се браниме од новите варијанти на коронавирусот, објаснува српскиот неуроимунолог д-р Борис Шакиќ.
Новиот омикрон сој на коронавирусот е забележан во повеќе од 40 земји ширум светот, а многу од овие држави веќе почнаа да ги заоструваат мерките за невакцинираните и се обидуваат да го спречат масовното ширење на мутацијата.
Многумина ги вознемири веста од Русија дека наводно антителата од делта-сојот не штитат од новиот омикрон сој, а и српскиот неуроимунолог д-р Борис Шакиќ, професор на Универзитетот Мек Мастер во Канада тврди дека констатацијата на руските научници е издржана.
Кинеските вакцини се најделотворни против новиот омикрон сој. Вакцината не штити од омикрон и не може да гарантира дека нема да имате некакви сиптоми, но штити да не завршите на респиратор и спречува големи компликации.
– Кога се активира имунолошкиот систем, постојат многу механизми кои му прават отпор на вирусот и не сите се врзани за антителата. Постојат бели крвни зрнца кои се нарекуваа макрофази, а кои можат да го убијат вирусот во одредена мера. Ескпертите сметаат дека омикрон-сојот може да избегне дел од тие механизми, да ги избегне и антителата кои се создадени со делта-варијантата или од некоја друга варијанта. Меѓутоа, факт е дека прерано е да се каже дека антителата се некорисни како што истакнаа руските научници. Научниците на Запад сметаат дека антителата ќе бидат доволни за да го заштитат пациентот да не заврши на респиратор во болница. Вакцинираните можеби нема да имаат конплетна заштита, но ќе имаат способност да не завршат во болница – објаснил д-р Шакиќ.
Тој вели дека кинеските вакцини се направени по класичен пат, односно содржат умртвен вирус, а тоа според него значи дека овие вакцини се најделотворни против омикрон-сојот на коронавирусот.
– Сметам дека вакцините се најдоброто средство во борбата со коронавирусот, а најважно е човек да не заврши во болница. Кинеските вакцини се најделотворни против новиот омикрон сој. Вакцината не штити од омикрон и не може да гарантира дека нема да имате некакви сиптоми, но штити да не завршите на респиратор и спречува големи компликации – вели д-р Шакиќ.
Според него, на компанијата „Фајзер“ ќе ѝ бидат потребни три месеци за да изработи вакцина против омикрон сојот.
– На компанијата „Фајзер“ ќе бидат потребни дури три месеци за да изработи вакцина која ќе ги штити луѓето од новиот омикрон сој. Слична е работата и со вакцината Спутник, која исто така има ген за тој спајк, но носач е аденовирус, кој го носи вирусот од Сарс-ков 2. Вирусот нема да го уништи човештвото. Во минатото сме се соочувале со шпанската грозница која била 50 отсто фатална, а овде се работи за 2 до 3 отсто смртност. Ние преку вакцините постојано ќе развиваме нови механизми во своето тело за да се браниме од новите варијанти на коронавирусот. Постои и приказна дека новиот сој се создал со комбинација на обичен грип и коронавирусот. Едноставно, се вкрстил во организмот каеде што добил некои гени од сезонскиот грип и така го променил својот изглед – рекол д-р Шакиќ.