БИЗНИСОТ БАРА ПРЕДВИДЛИВОСТ Азески ја раздвижи Комората со едукативни активности

Годинава, со почетокот на функционирањето на новите организациски форми во Комората беа приклучени стотина успешни компании, врвни интелектуалци од економската област и надворешни консултанти што е видливо од вашата констатација дека сме невообичаено раздвижени, вели Азески.

417

Странските инвестиции во моментов се значаен чинител за економијата на државата. Но, полека треба да се намалуваат затоа што го оптоваруваат буџетот и имаат мала додадена вредност. Регионалниот пазар е алфа и омега и треба да се гради, а Отворен Балкан допрва треба да се докажува, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во интервју за МКД.мк во кое зборува за актуелните состојби во економијата во Македонија и за активностите на Комората.

– Непредвидливоста е најголемиот непријател на бизнисот. A во моментот ја имаме во изобилие. Здравствена, енергетска и економска криза. Алармот е вклучен. Во таква ситуација, нормално е Стопанската комора да биде најактивна од два аспекта: прво, да помогне во справувањето со кризите и второ, да ја задржи постојната економска активност. Бизнисмените бараат предвидливост и брзи реакции на државата. Ако тоа не се случи, Комората е единствената опција да се дејствува. Раздвиженоста, пак, е резултат на ова и на имплементацијата на системот на градење Комора на иднината, кој започна 2019 година, а оваа година за првпат ги дава своите резултати. Комората е свртена кон своите членки, таа е нивниот консултант, помошник, промотор и нивна алатка за справување со предизвиците. Годинава, со почетокот на функционирањето на новите организациски форми во Комората беа приклучени стотина успешни компании, врвни интелектуалци од економската област и надворешни консултанти што е видливо од констатацијата дека сме невообичаено раздвижени – вели Азески.

Поврзани содржини