ПО ДОЛГО БОЛЕДУВАЊЕ СЕ ОДЈАВИ ЛЕГЕНДАТА НА ПАРТИЗАН Почина поранешниот фудбалер Момчило Вукотиќ
Како фудбалер трипати беше шампион на Југославија со Партизан, а како тренер го водеше својот матичен клуб до титулата во Купот и во Суперкупот на Србија.
По долга и тешка борба со ракот на грлото, денеска почина легендарниот фудбалер на белградски Партизан, Момчило Вукотиќ, објавија српските медиуми.
Тој почина на 71-годишна возраст, а за Партизан одигра дури 791 натпревар и беше рекордер до неодамна кога Саша Илиќ изби на првото место.
Како фудбалер трипати беше шампион на Југославија со Партизан, а како тренер го водеше својот матичен клуб до титулата во Купот и во Суперкупот на Србија.
За фудбалската репрезентација на Југославија запиша 14 настапи, а дебитираше на 20 септември 1972 година против Италија кога го постигна единствениот гол за Југославија во поразот од 3:1.