ЈОСИФ Е ЖИВ И ЗДРАВ Момчето било лоцирано во близина на скејт-паркот?

Исчезнувањето на момчето во полиција било пријавено од неговиот татко во текот на вчерашниот ден, додека полицијата успеала да го лоцира претпладнево. Од други извори, неофицијално дознаваме дека тој бил пронајден во близина на скејт-паркот во Скопје.

6,610

Од Министерството за внатрешни работи(МВР) ја потврдија информацијата дека младиот Јосиф Попов е пронајден.

Исчезнувањето на момчето во полиција било пријавено од неговиот татко во текот на вчерашниот ден, додека полицијата успеала да го лоцира претпладнево. Од други извори, неофицијално дознаваме дека тој бил пронајден во близина на скејт-паркот во Скопје.






Исчезнувањето на Јосиф беше една од главните теми на социјалните мрежи, откако неговите најблиски потегнаа иницијатива да се споделува неговата фотографија, со цел да се помогне во потрагата. На Фејсбук се појавија шпекулации дека тој бил снимен од безбедносните камери на пекарницата „Силбо“ и тоа во друштво на бездомник.

Засега не е објавено никакво образложение за исчезнувањето на Јосиф, кој исчезнал на патот до гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде требало да посетува редовна настава.

Поврзани содржини