СОНЧЕВО СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ Температурата ќе достигне до 14 степени
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 7 степени.
Во петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво.
Врнежи на повеќе места повторно ќе има од понеделник. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.