БРЕДЛИ КУПЕР БИЛ НАПАДНАТ СО НОЖ ВО МЕТРО Напаѓачот бил многу млад
Купер открил дека доживеал напад со нож во њујоршкото метро во октомври 2019 година додека одел да ја земе својата ќерка Леа Де Сејн од училиште.
Холивудскиот актер и режисер Бредли Купер открил дека непознат човек пред две години му се заканувал со нож во метро во Њујорк додека одел по својата ќерка Леа.
Купер открил дека доживеал напад со нож во њујоршкото метро во октомври 2019 година додека одел да ја земе својата ќерка Леа Де Сејн од училиште.
– Шетав низ град и носев слушалки. Отидов до метро станицата за да се најдам со мојата ќерка. Човекот ми пријде и помислив дека сака да се фотографира со мене. Погледнав долу и видов дека држи нож во раката. Гледам нагоре, ја гледам личноста пред мене и се изненадив колку е млада – раскажал Купер.
Актерот потоа се свртел и почнал да трча кон излезот. Тој рекол дека му ја соборил раката со лактот и побегнал.
– Се сокрив близу излезот, а напаѓачот почна да трча по скалите. Го бркав додека трчаше по Седмата авенија. Го извадив телефонот и го фотографирав. Отидов до полицајците кои беа во теренецот и им објаснив што се случи – додал Бредли.
Полицајците го прашале дали е повреден бидејќи луѓето во состојба на шок често забораваат дека се физички нападнати. Купер рекол дека не е повреден и набрзо се вратил по својата ќерка.
„Се вратив во метрото и ја зедов ќерка ми. Беше лудо“, рекол Купер.
ФОТО: Принтскрин/Joey Andrew/startraksphoto.com