ВАКЦИНАТА СПУТНИК МОЖЕ ДА Е ПООТПОРНА КОН ОМИКРОН-СОЈОТ ОД ДРУГИТЕ Професорка од САД со интересна теорија

„Спутник може да работи малку подобро, за неколку проценти. Аденовирусните вакцини генерално предизвикуваат поширок имунолошки одговор од вакцините со mRNA. Но, разликата може да биде многу мала“, продолжи Баранова.

995

Руската вакцина Спутник V може да понуди малку подобра заштита од новиот омикрон-сој на коронавирусот, во споредба со другите вакцини, рече професорката на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија, Анча Баранова, пишува Тасс. Оваа изјава доаѓа во време кога од „Гамалеја“, истражувачкит центар каде беше развиена вакцината тврдат дека таа целосно штити и од новата мутација.

Но Баранова не е толку сигурна и вели дека треба да ги почекаме резултатите од Фајзер кои ќе бидат релевантни и за Спутник.






„(Американската компанија) Фајзер веќе издаде изјава дека ќе спроведе експерименти во рок од две недели за тоа како (новата варијанта) може да се неутрализира и ќе објави соопштение за тоа како овој вирус комуницира со антителата“, рече таа. „Всушност, овие податоци ќе бидат релевантни за сите други вакцини базирани на антиген со целосна големина. Податоците на Фајзер ќе бидат приближно точни за Спутник“, рече таа.

„Спутник може да работи малку подобро, за неколку проценти. Аденовирусните вакцини генерално предизвикуваат поширок имунолошки одговор од вакцините со mRNA. Но, разликата може да биде многу мала“, продолжи Баранова.

Според нејзиното мислење, денешните вакцини може да испаднат помалку ефикасни против новата варијанта.

„Ова ќе го дознаеме од бројките во податоците на Фајзер. Оваа информација најверојатно ќе биде релевантна и за Sputnik“, продолжи експертот. „Сите вакцини содржат приближно ист сет на гени“.

Поврзани содржини