ПРИВАТНИОТ ДЕТЕКТИВ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ПРИНЦОТ ХАРИ Бев на кокаин и алчен

„Бев дел од група луѓе кои му ги одземаа неговите нормални тинејџерски години“, рекол Бароус, објаснувајќи дека медиумите во раните 2000-ти години биле немилосрдни. 

1,327

Гевин Барус, приватен детектив на кралското семејство, му се извини на принцот Хари за неговото претходно однесување во документарецот на Би-би-си наречен „Принцовите и медиумите“ (The Princes and the Press), пренесува магазинот „Пипл“.

„Бев дел од група луѓе кои му ги одземаа неговите нормални тинејџерски години“, рекол Бароус, објаснувајќи дека медиумите во раните 2000-ти години биле немилосрдни.






За да ги откријат приказните за Хари, тие ја следеле неговата тогашна девојка Челси Дејви, со која принцот бил во врска шест години.

„Ја хакиравме нејзината говорна пошта, имаше многу надзор над нејзините телефони и канали за комуникација. Челси се фалеше пред пријателите кога требаше да оди да се види со Хари“, рекол Гевин.

Бароус, исто така, признал дека ги „копал“ по медицинските досиеја на Челси, сѐ со цел да открие дали таа има сексуално пренослива болест и дали имала абортуси. Рекол дека многу му е жал и дека така се однесувал бидејќи бил „алчен, консумирал кокаин и живеел во лажна состојба на величина“.

Во документарецот се појавила и новинарката Роја Ника која рекла дека вниманието на девојките на принцот Хари било преголемо.

„Кога излегувате или размислувате да се омажите за член на кралското семејство, контролата што ја поднесувате е огромна“, рекла таа, додавајќи дека Хари морал да бара начини да го држи својот љубовен живот подалеку од приватните истражувачи.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини