СТУДЕНТ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ОСУДЕН НА СМРТ СО СТРЕЛАЊЕ Поради шверц на хит-серијата „Squid Game“

Иронично е што стрелачкиот вод е еден од морничавите методи за убивање на ликовите во серијата.

728

Маж од Северна Кореја е осуден на смрт бидејќи во земјата прошверцувал видео од популарната јужнокорејска серија „Squid Game“.

Наводно, студентот се вратил од Кина со дигитална копија од серијата на УСБ. Тој бил фатен бидејќи продал неколку примероци од серијата на колегите.






Како што пренесуваат таблоидите, мажот ќе биде застрелан. Иронично е што стрелачкиот вод е еден од морничавите методи за убивање на ликовите во серијата.

Според „Радио Слободна Азија“ и според „Вариети“, властите откриле човек кој прошверцувал серијата на „Нетфликс“, „Squid Game“, во Северна Кореја, откако фатиле група средношколци како ја гледаат.

Радиото „Фри ејџ“ објави дека друг студент кој купил примерок од серијата бил осуден на доживотен затвор, додека шест други кои гледале пиратски примерок биле осудени на по пет години тешка војна.

Северна Кореја усвои закон за „елиминирање на реакционерна мисла и култура“ со кој се забранува и строго се казнува секој увоз на медиумска содржина од Запад и од Јужна Кореја.

Максималната казна затвор за гледање, држење или дистрибуирање на овој материјал е смрт.

Властите сега ги пребаруваат студентските домови во потрага за уште некој недозволен материјал.

 

 

Поврзани содржини