ЗЕМЈАТА ЌЕ ИМА ПРСТЕНИ КАКО ОНИЕ НА САТУРН Ѓубрето ќе кружи во орбитата

Абот верува дека еден начин да се собере вселенското ѓубре може да биде со користење на магнети.

574

Прстени како оние кои ги има планетата Сатурн наскоро може да има и нашата планета Земја, но не од кристали и метеорити туку од ѓубрето кое лебди во нашата орбита, предупредува проф. Џејк Абот од Универзитетот во Јута. Не знаеме што ќе правиме со 170 милиони парчиња вселенско ѓубре, а 670.000 од парчињата се поголеми од еден сантиметар, пишува Футуризам.

„Земјата е на пат да има свои прстени“, изјави тој за The Salt Lake Tribune. „Тие само ќе бидат направени од ѓубре“.

 






Имаме огромен проблем со вселенското ѓубре и тој само ќе се влошува бидејќи сè повеќе компании и влади лансираат сателити, вселенски летала, сонди, па дури и туристи во вселената. Компанијата Спејс Икс има план да лансира цели јата на сателити.

Сега, научниците се обидуваат да откријат како да го решат проблемот. Абот верува дека еден начин да се собере вселенското ѓубре може да биде со користење на магнети.

Голем магнет кој ќе се врти прикачен на соодветна роботска рака може да создаде специјални електрични вртлози, со кои ќе се контролираат и успорат поединечните делови од вселенското ѓубре, се вели во неодамнешната статија на Абот објавена во „Природа“.

Поврзани содржини