НАЈОПАСНИ СЕ ЛЕКАРИТЕ-АНТИВАКСЕРИ Д-р Магиќ ги осуди колегите во Србија
Докторот Магиќ посочува и дека другите клучни чекори би биле да се воведе забрана за јавни настапи на лекарите-антиваксери, строга контрола на епидемиолошките мерки, усогласување на позициите на Кризниот штаб и „да се намали стравот од сите страни“.
„Најголема опасност и натаму претставуваат лекарите-антиваксери, односно лицата со завршен медицински факултет кои се против вакцината, затоа што еден таков лекар може да влијае на стотина или повеќе лица да не се вакцинираат“.
Вака почна изјавата на д-р Звонко Магиќ од Военомедициската академија за весникот Нова каде тој оцени дека стратегијата и кампањата за вакцинација во Србија мора да се сменат, ако земјата сака да има резултати, пишува Н1.
Србија во моментов е една од најзагрозените држави со коронавирусот на Балканот. Посочувајќи ја опасноста од лекарите-антиваксери, Магиќ рече дека разбира оти грешат луѓето кои не се медицински образовани, но дека е неприфатливо оние кои завршиле Медицински факултет и работат во болница да се сомневаат во вакцината и дека овие луѓе треба да бидат казнети.
– Ако сакаме мнозинството граѓани во Србија да се вакцинираат, мораме да ја смениме стратегијата и кампањата за вакцинација, бидејќи сè што досега направи владата доведе само до конфузија и недоверба – рече Магиќ, додавајќи дека клучните чекори во овие процеси мора да бидат сменети.
– Најважно е да се спроведе анкета меѓу граѓаните, темелно истражување за да се види од одговорите кои се причините што вакцината се одбива – вели тој и оцени дека очигледно кампањата во Србија во која познатите личности им се обраќаат на граѓаните во реклами не била доволна.
Докторот Магиќ посочува и дека другите клучни чекори би биле да се воведе забрана за јавни настапи на лекарите-антиваксери, строга контрола на епидемиолошките мерки, усогласување на позициите на Кризниот штаб и „да се намали стравот од сите страни“.