ЦВЕЌЕ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРЕД АМАБАСАДАТА ВО СОФИЈА Две девојки ја споделија тагата на семејствата на загинатите

Девојките положија цвеќе пред вратата на македонската амбасада во Софија.

318

Пред македонската Амбасада во Софија граѓани положија цвеќе во знак на сочувство за загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа што се случи синоќа во Бугарија, во којашто загинаа најмалку 45 лица, јави дописникот на МИА од Софија.

 

Младите девојки, коишто го положија цвеќето, не сакаа да ги кажат своите имиња, само рекоа дека тоа го прават заради сочувство бидејќи знаат колкава е тагата на семејствата на загинатите во несреќата.






Поврзани содржини