ФРАНЦУСКИ „ДЕКАТЛОН“ ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА Првично ќе биде отворен еден продажен објект во близина на Скопје

Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран во близина на Скопје, планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија. 

24,760

Добро познатиот трговски ланец меѓу планинарите, велосипедистите, скијачите, францускиот „Декатлон“ влегува на пазарот во Македонија, а подготовките за овој процес се веќе започнати.

Како што е најавено, влезот на „Декатлон“ во земјава ќе се реализира преку три фази. Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации за продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.






Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран во близина на Скопје, планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија.

Компанијата „Декатлон“ e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1.600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција.

„Декатлон“ во моментов брои повеќе од 100.000 вработени. Брендот се прослави по висококвалитетна опрема и облека за планинарење, велозипедизам, лови и риболов по популарни цени.

Поврзани содржини