КРУНА МС – 35 ГОДИНИ БЛЕСКАВИ НАСМЕВКИ Eден од најпрепознатливите и најреспектирани брендови во современата стоматологија во Македонија
За високиот стандард сведочат повеќе од 350.000 пациентски посети од земјата и од странство, долгогодишната соработка со реномирани меѓународни осигурителни компании, како и довербата на бројни амбасади, дипломатски претставништва и меѓународни организации.
Три и пол децении посветеност, иновации и доверба – КРУНА МС денес претставува еден од најпрепознатливите и најреспектирани брендови во современата стоматологија во Македонија.
Основана во 1991 година, КРУНА МС уште од своите почетоци ја гради својата работа врз јасна визија: спој на научното знаење, клиничкото искуство и најсовремената технологија, со цел обезбедување врвна здравствена грижа и беспрекорна насмевка за секој пациент. Во услови на постојани промени и предизвици, одржувањето на континуиран квалитет и градењето 35-годишна традиција на раст, стабилност и доверба претставува исклучително достигнување. КРУНА МС низ годините покажа дека посветеноста, професионалноста и визионерскиот пристап можат да создадат здравствена институција која поставува стандарди во стоматолошката пракса.
Како пионер во приватната стоматолошка дејност во земјата, КРУНА МС континуирано се стреми кон имплементација на највисоките светски стандарди. За тоа сведочат повеќе од 350.000 реализирани пациентски посети од земјата и од странство, како и долгогодишната соработка со реномирани меѓународни осигурителни компании, меѓу кои International SOS, Allianz, Cigna Global Health Benefits (поранешна Vanbreda), TBS 24, како и довербата на бројни амбасади, дипломатски претставништва и меѓународни организации.
Иновацијата отсекогаш била во сржта на работењето на КРУНА МС. Поликлиниката е прв приватен стоматолошки центар во државата со панорамски рентген кабинет и дигитална радиографија, а денес успешно функционира како современа дигитална стоматолошка клиника. Во секојдневната пракса се применуваат најсовремени дигитални технологии и методи, меѓу кои:
– 3D дијагностика за напредно планирање на третмани
– Интраорален скенер за прецизно и комфорно земање отпечаток
– Дигитален smile design (DSD) за предвидлива естетика
– CAD/CAM дигитален дизајн и изработка на протетски конструкции и ултратенки порцелански ламинати
– 3D дигитален принтинг
– Дигитално насочена имплантологија (guided surgery)
– Индивидуализирани ортодонтски решенија со транспарентни алајнери
– Ласерска стоматологија за минимално инвазивни процедури
– Употреба на биокомпатибилни и естетски материјали
Со имплементацијата на дигиталната технологија, КРУНА МС денес се позиционира меѓу современите дигитални клиники кои ги применуваат принципите на индустријата 4.0 во стоматологијата, каде дијагностиката, дизајнот и изработката се интегрирани во единствен дигитален workflow систем.
КРУНА МС е препознатлива и по својот мултидисциплинарен пристап, како прв центар кој создаде синергија помеѓу стоматологијата, оралната хирургија и максилофацијалната хирургија, овозможувајќи комплетен естетски и функционален третман и сеопфатна грижа за пациентите.
Во срцето на успехот на КРУНА МС стои нејзиниот стабилен и високо стручен тим, кој преку континуирана едукација, професионален развој и тимска работа успешно ги одржува високите стандарди и довербата кај пациентите.
Покрај професионалните достигнувања, поликлиниката континуирано придонесува и во заедницата преку поддршка на стручни, едукативни и хуманитарни активности, потврдувајќи ја својата улога како општествено одговорна здравствена институција.
Со 35 години традиција, иновации и доверба, КРУНА МС останува синоним за врвна стоматолошка услуга и препознатлив бренд – повеќекратно наградуван, но пред сѐ, поддржан од илјадници задоволни насмевки.