ВО АПРИЛ ИМАЛО 10.247 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА Хотелите пред сезоната барале повеќе од 1.000 работници

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година изнесува 2,07%, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во услужните дејности и трговијата.

0

Во првото тримесечје од 2026 година имало 10.247 слободни работни места. Најмногу работници биле барани во услужните дејности и трговијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година изнесува 2,07%, а најголем број слободни работни места, 2.346, има во услужните дејности и трговијата.






Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,28%.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,94% има во секторот „сместување и послужување храна“, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, во кој изнесува 0,15 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3,05 %.

Државниот завод за статистика информира и дека почнувајќи од првото тримесечје од 2026 година, согласно со регулативите на ЕУ и препораките на Евростат, податоците за слободните работни места се објавуваат според новата Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.1. наместо според НКД, рев. 2.

1. Пополнети и слободни работни места според секторите на дејности прво тримесечје 2026 година
Број на пополнети работни места Број на слободни работни места Стапка на слободни работни места (%)
Вкупно 484 199 10 247 2.07
Рударство и вадење камен 3 709 21 0.55
Преработувачка индустрија 99 741 2 174 2.13
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 8 484 13 0.15
Снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 9 763 66 0.67
Градежништво 24 997 639 2.49
Трговија на големо и на мало 75 429 2 067 2.67
Транспорт и складирање 26 446 757 2.78
Сместување и послужување храна 19 674 1 023 4.94
Издаваштво, радиодифузија и дејности за производство и дистрибуција на содржини 2 293 40 1.73
Телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски дејности, компјутерска инфраструктура и други информатички дејности 19 141 412 2.10
Финансиски и осигурителни дејности 11 818 160 1.33
Дејности поврзани со недвижен имот 2 083 45 2.10
Стручни, научни и технички дејности 16 776 399 2.33
Административни и помошни услужни дејности 23 816 1 200 4.80
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување 43 595 131 0.30
Образование 39 173 328 0.83
Дејности на здравствена и социјална заштита 37 631 250 0.66
Уметност, спорт и рекреација 13 832 415 2.91
Други услужни дејности 5 799 109 1.84
Поврзани содржини