ТРАКТОР ЛЕТНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА, ВОЗАЧОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН Пожарникари и итна помош во спасувачка акција кај Конче
55-годишен маж од Конче е тешко повреден откако трактор излетал од патот и паднал во провалија кај Лакавица на регионалниот пат Дедино–Конче. Полицијата утврди дека возел без возачка дозвола.
55-годишниот З.С. од селото Конче се здобил со тешки повреди откако тракторот што го управувал излетал од патот и паднал во провалија на регионалниот пат од Дедино кон Конче, во местото „Лакавица“.
Несреќата се случила вчера во периодот меѓу 12:00 и 15:30 часот, кога возачот управувајќи трактор „Торпедо“ со штипски регистарски таблички изгубил контрола над возилото.
На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш и Итната медицинска помош, кои успеале да го извлечат повредениот и да го пренесат во Клиничката болница во Штип. Лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Од полицијата информираат дека по извршените проверки е утврдено дека мажот управувал трактор без возачка дозвола.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Радовиш.