СЕ ПРАЗНИ ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО Нивото на водата е за 12 сантиметри под апсолутниот минимум

Водостојот на Преспанското Езеро е за 1,62 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември

256

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,62 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е 12 сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 14 сантиметри и е на 2 сантиметра над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за овој месец.

 

Поврзани содржини