СЗО ПРЕДУПРЕДУВА Европа е единствениот регион во светот каде што расте смртноста од ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) забележува дека смртноста од ковид-19 во Норвешка е зголемена за 67 отсто, додека во Словачка за 38 отсто.

644

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа минатата недела се зголеми за пет отсто и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од ковид-19.

СЗО додаде дека бројот на потврдени случаи на инфекцијата на глобално ниво е зголемен за шест отсто. Од 3,3 милиони нови случаи – 2,1 милиони се регистрирани во Европа. Ова е седма недела по ред како расте бројот на нови случаи на инфекција со ковид-19 во 61 земја од европскиот регион, што се протега од Русија до Централна Азија.






СЗО вчера соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус секаде во светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа. Оттаму додаваат, пренесуваат американските медиуми, дека бројот на нови инфекции во Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија од јули е во опаѓање.

Во Европа, најголем број нови случаи е забележан во Русија, Германија и Обединетото Кралство.

СЗО забележува дека смртноста од ковид-19 во Норвешка е зголемена за 67 отсто, додека во Словачка за 38 отсто.

Поврзани содржини