ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ РАЗМЕ КУМБАРОВСКИ Бил болен од ковид-19
Погребот ќе се изврши во сабота, 13 ноември, во кругот на најблиското семејство.
Како последица на заразата од ковид-19 синоќа почина писателот Разме Кумбаровски, поет, романсиер, есеист, критичар, преведувач, антологичар.
Роден е на 29 март 1944 година во Струга. Член на ДПМ од 1987 година.
Кумбаровски е автор на збирките поезија: „Зинда“ (1982), „Воден премин“ (1984), „Мусандра“ (1988), „Манастир“ (1994), „Троја“ (1998), „Потковица и зла месечина“ (2003), „Сон на летната ноќ“ (2007), „Стаклена планина“ (2013).
Тој е автор и на романите: „Мириси кораби злато“ (1999), „Чудесија“ (2002), „Остров на тивките меандри“ (2006), „Архипелаг“ (2010) и есеистичко-критичките книги: „Минатата година во Енхалон“ (2011), „По патот“ (2007, библиографско издание, песни и есеи).
Автор е или коавтор на панорамските избори: „Поетите од Струга“ (2002, избор, поезија – СВП), „Миладиновци“, (2005), „Меандар“ (2013).
Кумбаровски бил секретар и директор на светски познатата манифестација Струшки вечери на поезијата, основач и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци‘‘- Струга и на Меѓународната литературна манифестација Година на есејот.
Погребот ќе се изврши во сабота, 13 ноември, во кругот на најблиското семејство.