КОЈ Е ТРАВИС СКОТ? Раперот на чиј концерт во стампедо загинаа осум луѓе (ФОТО)
Веста за трагедијата кружи низ светските медиуми, а неговото име е на врвот на трендинг на Твитер во последните два дена.
Во текот на стампедото на концертот на Травис Скот на фестивалот „Astroworld“ во Хјустон, загинаа најмалку осум лица загинаа, а голем број се повредени.
Веста за трагедијата кружи низ светските медиуми, а неговото име е на врвот на трендинг на Твитер во последните два дена.
View this post on Instagram
Иако 30-годишниот Скот, со вистинско име Жак Берман Вебстер Втори, е еден од најпопуларните рапери од помладата генерација во Америка, многу попознат е како долгогодишен партнер на ријалити ѕвездата Кајли Џенер со која има ќерка.
Травис Скот го привлече вниманието на јавноста во 2012 година кога го потпиша својот прв договор со „Епик рекорд“, а веднаш истата година доби договор и со продукциската куќа на Канје Вест, поранешен сопруг на Ким Кардашијан, инаку сестра на Кајли Џенер.
View this post on Instagram
Во 2015 година го издаде албумот „Rodeo“, кој му обезбеди светска слава во светот на хип хопот.
Травис Скот планетарна слава стекна во 2017 година, кога го „уловија“ како се држи за рака со најпознатата инфлуенсерка на светот, Кајли Џенер. Тие двајца се запознале преку заеднички пријатели, а врската брзо напредувала, па Кајли останала бремена по неколку недели.
View this post on Instagram
Парот ја доби ќерката Сторми Вебстер во февруари, 2018 година. Кајли Џенер целата бременост ја чуваше во тајност, па раѓањето на малата Сторми беше вест на денот во сите светски медиуми. Парот ја прекина врската следната година, а блиски извори за новинарите велеа дека се само на пауза.
Кајли и Травис оваа година ја обновија врската, а во август објавија дека го чекаат второто дете.
ФОТО: Инстаграм