МАЈКАТА НА ЏИЏИ ХАДИД ГО ОБВИНИ МОМЧЕТО НА ЌЕРКА СИ Зејн Малик ме удри!

Јоланда тврди дека пејачот удрил минатата недела во текот на жестоката расправија.

992

Мајката на познатата манекенка Џиџи Хадид, Јоланда Хадид, тврди дека славниот пејач Зејн Малик, која воедно е и момче на Џиџи, ја удрил минатата недела во текот на жестоката расправија, поради што таа наводно размислува да поднесе кривична пријава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)






Зејн го тврди спротивното и за инцидентот се огласил за американскиот портал ТМЗ, како и на својот профил на Твитер.

„Јас сум приватно лице и не сакав ова да излезе во јавност. Во обид да ја заштитам својата ќерка, се согласив да ги оспорам тврдењата што произлегоа од расправијата што ја имав со мајката на мојата партнерка, а која влегла во нашиот дом додека мојот партнерка беше отсутна пред неколку недели“, започна Малик.

„Ова беше и сè уште треба да биде приватна работа, но се чини дека и покрај моите напори да нѐ вратам во мирна семејна средина, која треба да ми овозможи да ја воспитувам ќерка ми онака како што таа го заслужува, ова „протече“ во медиумите“, додал пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zayn Malik (@zayn)

„Негирам дека ја удрив Јоланда и одбивам да дадам какви било дополнителни детали и се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни обвинувања и ќе се сврти кон решавањето на семејните проблеми во четири очи“, заклучил пејачот.

Зејн Малик и Џиџи Хадид заедно ја имаат едногодишната ќерка Каи, а по обвинувањата на Јоланда, беше откриено дека тие двајца повеќе не се заедно.

Својата врска ја започнаа во 2015 година, а раскинаа три години подоцна. Гласините за помирувањето се појавија во 2019 година и првпат беа забележани заедно во Њујорк во јануари 2020 година. Нивната ќерка се роди во септември минатата година.

 

 

Поврзани содржини