ВО ГЕРМАНИЈА СТРАВУВААТ ОД ЧЕТВРТИОТ БРАН Зголемен бројот на хоспитализирани
Треба да се очекува дека зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19 ќе се забрза во натамошниот тек на есента и на зимата, порачуваат од институтот.
Здравствените власти во Германија загрижено ги анализираат бројките на новозаразени лица со ковид-19, прогнозирајќи дека наскоро би можел да удри и четвртиот бран од заразата.
Веќе девет дена по ред бројот на заразени расте, а според последните податоци објавеи од Институтот Роберт Кох, 95,1 лице на 100.000 жители е позитивно на коронавирусот. Зголемена е и бројката на хоспитализирани, а забележани се и случаи на задоцнето пријавување на лекарски преглед.
– Треба да се очекува дека зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19 ќе се забрза во натамошниот тек на есента и на зимата – порачуваат од институтот.
Германските епидемиолози предупредуваат наскоро ќе настапи четвртиот бран, по што поглемиот дел од популацијата ќе биде изложена на заразата.