ДАНИЕЛА МАРТИНОВИЌ НАПРАВИ ЧИСТКА Ги избриша Петар Грашo и Хана Хуљиќ
„Моите сјајни ѕвезди“, гласи описот на фотографијата која сѐ уште стои на профилот на Петар и на која тој позира со Даниела и со Северина.
Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ до неодамна на Инстаграм ја следеше новата девојка на својот поранешен партнер Петар Грашо, но Хана Хуљиќ повеќе не е ниту на списокот на нејзините пријатели, а ниту Даниела не се наоѓа на нејзиниот.
Даниела ги избриша сите фотографии со Петар Грашо од својот Инстаграм, но тој сѐ уште не го сторил тоа, иако ретко споделуваше нивни заеднички фотографии.
„Моите сјајни ѕвезди“, гласи описот на фотографијата која сѐ уште стои на профилот на Петар и на која тој позира со Даниела и со Северина.
Грашо и Мартиновиќ беа во врска повеќе од 24 години, а за нивното раскинување се дозна во мај. По раскинувањето, Петар најде утеха во 14 години помладата Хана Хуљиќ, која тој и Даниела ја познаваат уште од мала поради нејзиниот татко Тончи Хуљиќ. Хана, уште во 1993 година, кога била мало девојче, се појавила во спотот за песната „Дошло вријеме“ на групата „Магазин“ додека Даниела пееше во групата.
Фотографиите на Петар Грашо и неговата нова љубов Хана Хуљиќ направени во центарот на Загреб деновиве кренаа голема прашина.