АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ НА СТРАНАТА НА АСАНЖ ВО СПОРОТ СО САД Се бара ослободување од обвиненијата за основачот на Викиликс

Асанж е обвинет за кражба и објавување доверливи информации за американските воени операции во Ирак и Авганистан.

180

Генералниот секретар на Амнести интернешнл Агнес Каламард  ги повика САД да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж и веднаш да го ослободат британските власти.

Агнес Каламард го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе се поднесе жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж во САД, каде што тој се соочува со обвиненија за објавување тајни воени досиеја како дел од аферата Викиликс.






Врховниот суд треба да ја разгледа жалбата против одлуката за неекстрадиција во јануари. Одлуката е донесена поради, како што се наведува, загриженоста дека 50-годишниот Асанж би можел да се самоубие во затвор во САД.

Асанж е обвинет за кражба и објавување доверливи информации за американските воени операции во Ирак и Авганистан.

Поврзани содржини