ОВА СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НА ИПИС Мицкоски ужива најголема доверба, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори

Оваа анкета, информира ИПИС, е спроведена телефонски во периодот помеѓу 19 и 22 октомври 2021 на 1.102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

2,166

Резултатите од анкетата на Институтот ИПИС, поракажуваат доколку утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник, додека лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски е политичарот во кого граѓаните имаат најголема доверба.

Според анкетата, 19,3 проценти од испитаниците се изјасниле дека најголема доверба имаат во Мицкоски.






Во претседателот на СДСМ и Премиер, Зоран Заев доверба имаат 15,6 отсто од анкетираните.

Оваа анкета, информира ИПИС, е спроведена телефонски во периодот помеѓу 19 и 22 октомври 2021 на 1.102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Кога станува збор за политичките партии од ИПИС велат дека од анкетираните граѓани, 23 проценти одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 17,6 за СДСМ.

Анкетата, информира ИПИС, е спроведена телефонски во периодот помеѓу 19 и 22 октомври 2021 на 1.102 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

– Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности – велат од ИПИС.

Поврзани содржини