ЗОШТО СДСМ ЌЕ ГИ ДОИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ Вељановски открива што се случило во Могила

По 2 дена од изборите ЕВН ја исклучи струјата на општинската зграда во Могила и уличното осветление во селата во општината. Никој не знае колкав е долгот кон ЕВН.

7,343
 Македонскиот актер и поранешен директор на Драмскиот театар Роберт Вељановски на Фејсбук објаснува зошто СДСМ претрпе пораз на локалните избори и дава оцена што ќе се случи во вториот круг.

„Зошто сдс ги изгуби и ќе ги доизгуби изборите?! Поради ова!!! По 2 дена од изборите ЕВН ја исклучи струјата на општинската зграда во Могила и уличното осветление во селата во општината. Никој не знае колкав е долгот кон ЕВН.

Госпоѓата која Драганчо Саботковски ја прегази во прв круг уште вчера си ги собрала парталите и заминала! Мува не ја лази. Она власт сакала, не сметки да плаќа. Кој знае што уште ќе засмрди кога малку ќе се прочепка низ тињата! Појасно ви е сега?! – пишува Вељановски.

Поврзани содржини