МАЛИ ГАФОВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЛИДЕРИ Трудо го озборувал Трамп, Реган ќе ја бомбардирал Русија…
„Мои верни Американци, со задоволство ве известувам дека денеска потпишав закон со кој Русија ќе ја снема еднаш засекогаш. Ќе започнеме со бомбардирање за пет минути!“, на шега рекол Реган во 1984 година мислејќи дека микрофонот е исклучен - а, изјавата подоцна ја разгоре Студената војна.
Гафовите на големите лидери не се случуваат често, но јавноста понекогаш добива можност да дознае што навистина мислат светските големци еден за друг, пишува МИА. „Политико“ ги разгледува „бисерите“ кои се појавија на насловните страници, сведочејќи дека светската елита не е имуна на озборувањето „зад грб“, туку пред несреќно вклучен микофон …
Трудо го озборува Трамп дека зборувал цели 40 минути
Можеби најсочниот од неодамнешните „бисери“ е оној со Џастин Трудо, снимен на кралскиот прием за лидерите на НАТО во Бакингемската палата во 2019 година. Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон, холандскиот премиер Марк Руте, принцезата Ана и британскиот премиер Борис Џонсон беа фатени како разговараат за нивните уникатни искуства со „бомбастичниот“ тогашен американски претседател Доналд Трамп.
– Дали затоа доцните? – Џонсон го прашува Макрон.
– Доцнам затоа што Трамп 40 минути говореше пред новинарите горе.
– Устите на неговите луѓе им беа до подот – вели Канаѓанецот.
Трамп подоцна го нарече Трудо „лицемер“ и рече дека Канаѓанецот не го сака поради неговото барање Отава да ја постигне целта од 2 отсто за воените трошоци на НАТО.
Дејвид Камерон даде оставка, а потоа … запеа од среќа!
Откако го загуби референдумот за Брегзит, британскиот премиер Дејвид Камерон поднесе оставка и се обрати на Даунинг стрит бр. 10.
– Ви благодарам многу! – ја заврши Камерон изјавата и се врати назад кон вратата. На изненадување на сите, брош-микрофонот ја забележа и веселата мелодија секунди подоцна по повод оставката.
Никола Саркози: „Не можам да го поднесам Нетањаху!“
– Не можам да го поднесам Нетањаху, тој е лажго! – му рече францускиот претседател Саркози на американскиот претседател Барак Обама во 2011 година.
– На Вас ви е доста од него, но јас морам уште почесто да разговарам со него од вас – возврати Обама.
За жал, Саркози и Обама во тоа време мораа тесно да соработуваат со израелскиот премиер за да ги спречат иранските нуклеарни амбиции.

Елизабета Втора: Овие луѓе „не прават ништо“ за климата
Во четвртокот, британската кралица Елизабета Втора беше фатена како зборува за светските лидери кои зборуваат, но не дејствуваат за климатските промени.
– Слушнав сè за ЦОП. Сè уште не знам кој ќе дојде. Немам идеја. Навистина е досадно кога зборуваат, но не прават ништо! – прокоментира таа, не знаејќи дека јавноста ја слуша.
Роналд Реган: „Ќе ја снема Русија еднаш засекогаш!“
„Мои верни Американци, со задоволство ве известувам дека денеска потпишав закон со кој Русија ќе ја снема еднаш засекогаш. Ќе започнеме со бомбардирање за пет минути!“.
Она што лесно можеше да биде почеток на „трета светска војна“ беше, всушност, проверка на микрофонот на Реган пред неговото неделно радио обраќање во 1984 година. Неговата смела шега не се емитуваше во живо, но подоцна протече во јавноста и додаде масло во огнот на Студената војна.

Џон Мејџор ги нарече „копилиња“ членовите на неговиот Кабинет
Гневот и фрустрацијата на Џон Мејџор од десничарските британски ториевци избувнаа кога, во бес, нарече тројца членови на неговиот Кабинет – „копилиња“. Нападот врз евроскептичните министри, кои не беа именувани, но речиси сигурно е дека тоа беа Мајкл Хауард, Питер Лили и Мајкл Портиљо. Тоа се случи неколку минути по гласањето за доверба, а Мејџор успеа да ја задржи фотелјата.
Дејвид Камерон ја шокираше кралицата Елизабета
– Лидерите на некои крајно корумпирани земји доаѓаат од Британија … Нигерија и Авганистан, веројатно двете најкорумпирани земји во светот – рече премиерот на Британија Дејвид Камерон пред кралицата за време на нејзината роденденска прослава во 2016 година.
Кралицата: „Кинезите се многу груби!“
Кралицата Елизабета, мислејќи дека микрофонот е исклучен, ги опиша кинеските власти како „многу груби“ за време на државната посета на претседателот Си Џинпинг на В. Британија во 2015 година