СКАНДАЛОЗНО Во ресторанот на познатиот турски готвач добиле сметка од 37.000 фунти! (ФОТО)

Муштериите претходно го изразија своето згрозување од цената од 44 фунти за четирите Ред Була.

1,040

Сметката од 37.000 фунти (50.000 долари) од новиот, лондонски ресторан на познатиот турски готвач Сaлт Бае, предизвика дебата на интернет, пишува „Индепендент“.

Цените во ресторанот „Nusr-Et Steakhouse“ во Лондон од познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае, ги шокираше посетителите откако се отвори новиот ресторан пред нешто повеќе од еден месец.






Муштериите претходно го изразија своето згрозување од цената од 44 фунти за четирите Ред Була. Храната е уште поскапа, а познатиот стек обложен со злато на готвачот, чини 850 фунти.

Меѓутоа, четворица посетители останале шокирани откако добиле сметка од 37.023 фунти.

„Ова е едноставно невидено…“, стои во описот на сметката објавена на Редит.

ФОТО: Редит/Инстаграм

Поврзани содржини