„Варнер Брос“ го претстави трејлерот за филмот „Бетмен“, во кој главната улога ја толкува Роберт Патисон, а кој е снимен под режисерската палка на Мет Ривс.
Новата најава покажува темна, мрачна и насилна верзија на Бетмен и за првпат го слушаме гласот на Патинсон како зборува за сигналот за лилјак.
– Стравот е оружје. Кога светлината ќе го погоди небото, тоа не е само повик. Тоа е предупредување – вели тој во трејлерот којшто има повеќе од 10 милиони прегледи.
Покрај Патисон во улогата на Бетмен, тука се и Зои Кравиц во улогата на „жената-мачка“, Колин Фарел како Пингвин и „бетмобилот“ на Бетмен.
ФОТО: Јутјуб