ДАНИЕЛ КРЕГ ОТКРИ ЗОШТО ГИ САКА ГЕЈ БАРОВИТЕ Има една интересна причина
Актерот рекол дека една од причините е што во тие барови нема толку тепачки како во другите барови.
Водителот на радио емисијата „Ручек со Брус“, Брус Бози, во новата епизода го угостил агентот 007 за да разговараат за тоа зошто актерот сака да посетува геј барови.
– Баровите за хомосексуалци ги посетувам одамна. Една од причините е таа што во нив нема толку тепачки како во другите барови – рекол Крег, објаснувајќи дека кога бил млад почнал да оди на тие места, за да не сведочи на тепачките.
„Затоа, баровите за хомосексуалци беа вистинските места за излегување, бидејќи сите се опуштени. А, можеш и да запознаеш девојки кои доаѓаат од истите причини поради кои јас доаѓав. Навистина тоа многу ми се допадна”.
За време на разговорот, Крег се сетил на дружењето со своите пријатели во баровите за хомосексуалци.
„Тоа беше во 2010 година, во геј барот Рустерфиш во Венеција Бич, Калифорнија“.
Крег рекол дека имале пријатна вечер, па малку и се испијаниле.
Како што раскажал, неговото друштво и тој биле забележани од медиумите, па јавноста следниот ден била известена за нивното излегување.
„Тоа беше прилично чудна ситуација, бидејќи не направивме ништо погрешно“, заклучил Крег, кој своевремено сакал да се пресели од Англија во Калифорнија која, според него, буди „неверојатни чувства“.