ФРАНЦИЈА СО ЗАКОН ЗАБРАНИ ФУДБАЛ НА 5 МАЈ На овој кобен ден загинаа 18 луѓе, над 2.300 беа повредени

На тој ден пред 29 години една од трибините на стадионот во градот Бастија се урна пред полуфиналниот натпревар меѓу домашниот тим и Олимпик Марсеј во рамки на полуфиналето на националниот куп.

466

Францускиот Парламент го ратификува законот со кој се забранува одигрување професионални фудбалски натпревари во Франција на 5 мај во спомен на жртвите во катастрофата на стадионот „Фуриани“ на Корзика во 1992 година.

На тој ден пред 29 години една од трибините на стадионот во градот Бастија се урна пред полуфиналниот натпревар меѓу домашниот тим и Олимпик Марсеј во рамки на полуфиналето на националниот куп.






Во несреќата загинаа 18 луѓе, а повеќе 2.300 беа повредени.

Раководствата на Француската лига и на Францускиот фудбалски сојуз изразија негодување со забраната, која лани беше изгласана во Народното собрание, а официјално стапи на сила откако денеска беше ратификувана во Сенатот.

Законот се однесува на забрана за одигрување фудбалски натпревари во рамки на Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампиони.

Поврзани содржини