ОПШТИНАТА ЧАИР ОБЈАВИ ШТО ПОТПИШАЛА СО ПАЦОЛИ Еве како ќе се потрошат 80 милиони евра ФОТО

Предвидена е изградба  на подземен паркинг на плоштадот Скендербег кој ќе има 369 паркинг места на површина од 14.000 м2 и во вредност од 23.370.000 евра, катни гаражи, изградба на голем базен, нов спортски комплекс на улицата „Џон Кенеди“ кај салата Партизан, читална кај ООУ Исмаил Ќемали, инвестиција која ќе достигне вредност од 2.000.000 евра.

1,056

Пред еден месец, првиот човек на Општина Чаир, Висар Ганиу потпиша договор за стратешка инвестиција во Чаир со сопственикот на глобалната компанија МАБЕТЕКС, Беџет Пацоли. Овој договор и Ганиу и Пацоли го сметаа за историско поглавје за Општина Чаир, бидејќи се отвори патот за стратешка и многу важна инвестиција, изградба на катни гаражи и подземни гаражи на неколку локации на Општина Чаир, но не само тоа, велат од Општината Чаир.

„Оваа инвестиција со вредност од 80 милиони евра се нарекува стратешка инвестиција бидејќи ќе го спроведе концептот на зелена општина, ќе отвори нови работни места, ќе ја ревитализира Чаршијата и ќе ги олесни главните артерии на движење на Чаир. Ова е еден од нај гигантските проекти потпишан од Општина Чаир. Од овој проект за стратешка инвестиција, буџетот на Општина Чаир исто така ќе има директни придобивки со наплата на над 4.000.000 евра општински даноци, кои ќе бидат наменети за нови капитални инвестиции во Општина Чаир“, информира актуелната локална власт која денеска во детали го објави договореното со Пацоли.






Така предвидена е изградба  на подземен паркинг на плоштадот Скендербег кој ќе има 369 паркинг места на површина од 14.000 м2 и во вредност од 23.370.000 евра, катни гаражи, изградба на голем базен кај поранешниот базен во Општина Чаир, нов спортски комплекс на улицата „Џон Кенеди“ кај салата Партизан.

Исто така, ќе се изгради читална кај ООУ Исмаил Ќемали, инвестиција која ќе достигне вредност од 2.000.000 евра.

Гаранцијата за овие гаражи и рекреативно-едукативни комплекси е во рацете на глобалната компанија Мабетекс, која досега го реализирала секој договор со голема сериозност, на време, без никакво одлагање и на високо ниво на квалитет, велат од општината Чаир.

 

Поврзани содржини