КОЈА Е ПРИЧИНАТА? Естетските хирурзи објаснија што се случило со лицето на Том Круз

Естетскиот хирург Нила Раја, чии пациенти се претежно славни sвезди, тврди дека Том претерал со естетските третмани.

4,208

Актерот Том Круз стана топ тема по неодамнешното појавување на натпревар во Сан Франциско.

Корисниците на Твитер коментираа дека лицето му е отечено и се прашуваа што се случило со актерот. За неговиот изглед сега се огласија стручњаците.






Естетскиот хирург Нила Раја, чии пациенти се претежно славни sвезди, тврди дека Том претерал со естетските третмани.

– Се чини дека Том претерал со инјекциите со ботокс против брчки и со филерите, што всушност негативно влијаело на неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од зафатот може да биде искривен и неприроден изглед на лицето – рекла таа за „Дејли мејл“.

Со неа се согласил и хирургот Рос Пери, кој нагласил дека промената на Том изгледа е резултат на комбинација од вишок килограми и чести подложувања на естетски третмани.

– Том на своите последни фотографии изгледа значително поинаку, според мое мислење, тоа е поради вишокот килограми и премногу филер. Неговите образи изгледаат затегнати, но надуени. Всушност, се чини како неговите очи да се многу помали и изгледа како верверица. Исто така, може да се види дека тој вбризгал ботокс во челото бидејќи неговиот тен е мазен и, со оглед на неговата возраст, би рекол дека кај него инаку би очекувале повеќе знаци на стареење во форма на линии и брчки – рекол Пери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise Brasil (@tomcruisebrasil)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини