УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ НА КАЈЛИ ЏЕНЕР Раперот ја претепал девојката (ФОТО)
Тајга во Лос Анџелес доброволно ѝ се предал на полицијата воoчи обвинението на неговата поранешна девојка.
Поранешниот партнер на ријалити ѕвездата Кајли Џенер (24), раперот Тајга (31), уапсен е поради тешко семејно насилство, а одредена му е и кауција во износ од 50.000 долари.
Тајга во Лос Анџелес доброволно ѝ се предал на полицијата воoчи обвинението на неговата поранешна девојка Кемерин Свансон, која на Инстаграм објавила фотографии од наводните повреди што ѝ ги нанел, пишува ТМЗ.
Раперот сакал да им ја објасни на полицајците својата страна на приказната, откако Камарин го обвинила дека грубо ја нападнал во текот на расправија во неговата куќа.
Блиски извори за ТМЗ тврдат дека Кемерин пред неколку дена околу три часот наутро видно вознемирена го посетила раперот. Тогаш пред неговиот дом имале жестока расправија. Тајга ја пуштил да влезе во неговата куќа, каде што нивната гласна расправија продолжила. Кемерин тврди дека тогаш раперот ја удрил и ѝ нанел модринки по лицето и телото.
Потоа Кемерин објавила низа инстаграм-стори со вознемирувачки фотографии од повредите.
„Толку ми е непријатно што мораше да дојде до ова, но сега морам да се заземам за себе. Бев емотивно, психички и физички злоставувана и не сакам тоа повеќе да го кријам“, напишала на фотографијата што ја објавила на социјалните мрежи.
Тајга и Свансон својата врска официјално ја објавија во февруари оваа година. Манекенката и сопственичка на моден бренд тогаш на социјалните мрежи сподели нивна заедничка фотографија на која се држат за раце.
Пет месеци подоцна се зборуваше дека се свршиле, бидејќи Кемерин Свонсон била видена со прстен кој имал два големи дијаманти на левата рака, но парот никогаш не го потврдил тоа.
ФОТО: Инстаграм