ДИМИТРИЕВСКИ СЕ СРЕТНА СО БОРЕЦОТ НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ Тој е човекот од кого треба да учиме за грижата кон државата

Нашите предци, баби и дедовци се изборија денеска да имаме своја држава, но исто така ни оставија и аманет на нас, помладата генерација да се грижиме и да ја чуваме Македонија, напиша Димитриевски на фејсбук.

603

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, вечерва се сретна со борци од НОБ во рамки на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание.

Тој на фејсбук сподели слика на борецот Никола Стојановски.






„Чест ми е што вечерва имав можност да го сретнам почитуваниот Никола Стојановски, на еден ден пред нашиот голем празник 11 Октомври – Денот на народното востание. Стојановски е личност од која мора сите да учиме за грижата кон државата. Тој е претседател на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ, истакнат антифашист, кој е заслужен за тоа што денеска имаме слободна и независна Македонија“, напиша Димитриевски.

Тој вели дкеа е горд на целата таа генерација која се избори за слобода во тие моменти против бугарскиот фашистички окупатор.

„Нашите предци, баби и дедовци се изборија денеска да имаме своја држава, но исто така ни оставија и аманет на нас, помладата генерација да се грижиме и да ја чуваме Македонија. Мојата заложба е да продолжиме по тој пат и никако поинаку. Да се гоордеме со македонската историја, со нашите народни херои и низ демократски процеси државата да ја придвижуваме кон Европската Унија, во семејството кадешто припаѓаме“, напиша Димитриевски.

Поврзани содржини