ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД СДСМ ВО АНКЕТАТА НА АКСИОС Арсовска со 18,9 отсто пред Шилегов кој има 13,2 отсто гласови
Според анкетата на АКСИОС кандидатот на Левица Петар георгиевски -Камиказа е третопласиран,а Аребен Шаќири е четврти.
Во последното истражување направено од институтот АКСИОС, видливо е зголемувањето на рејтингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 1 отсто наспроти СДСМ и нивната коалиција. Исто така, на анкетата извршена на територија на град Скопје зголемена е предноста за 0,9 отсто на независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот против кандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.
Според анкетата за Арсовска би гласале 18, 9 отсто од анкетираните гласачи, а за Шилегов 13,2 отсто. Трет е Перо Деоргиевски од левица со 5,4 отсто, четврти Арбен Шаќири пд ДОМ и ЛДП со 4,8 отсто, а петта е независната кандидатка Ана Петровска за која би гласале 4,3 отсто од гласачите.
Институтот АКСИОС во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина и Град Скопје.
За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1345 испитаници на територија на цела земја.
Статистичкта грешка на анкетата е околу 2 отсто.
За чиј кандидат ќе гласате на следните локални избори 2021? | |
СДСМ и коалицијата- Најдоброто за вашата општина | 22.7 проценти |
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата- Создади нова иднина | 28.2 проценти |
ДУИ- Избери живот гласај зелено | 6 проценти |
Коалиција ААА- | 6.4 проценти |
Останати партии/ коалиции | 5.5 проценти |
Ниту еден | 13.1 проценти |
Не знам- немам одговор | 18.1 проценти |
На стратифициран примерок на територијата на Град Скопје на 824 испитаници | |
1. За кој кандидат за градоначалник ќе гласате на наредните локални избори во Град Скопје? | |
Петре Шилегов – СДСМ | 13.2 проценти |
Данела Арсовска – независен кандидат | 18.9 проценти |
Перо Георгиевски- Левица | 5.4 проценти |
Арбен Шаќири – ДОМ и ЛДП | 4.8 проценти |
Ана Петровска- независен кандидат | 4.3 проценти |
Друг | 9.7 проценти |
Ниту еден | 19.2 проценти |
Не знам – немам одговор | 24.5 проценти |