СО ТРИТЕ ДЕЦА САКАЛА ДА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА Скопјанка обвинета за прикажување лажни ПЦР тестови
Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа против 38-годишна скопјанка.
Таа на 3 август годинава се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови на SARS-CoV-2 вирусот за себе и за своите три деца.
Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.